Документирање на старата железничка линија Куманово-Крива Паланка-Деве Баир
Локалната установа Градски музеј Крива Паланка периодов активно работи на истражување и документирање на старата железничка линија Куманово - Кр. Паланка - Деве Баир.
Во тек е втората експедиција која работи на делот од Деве Баир до Крива Паланка, истражувајќи и документирајќи ги објектите изградени на старата траса на железницата пред седум децении.
- Таа линија е напуштена, се работи на нова траса, така што ние заедно со колегите од Република Бугарија, за потребите на архивите на Градскиот музеј и заради потребите на историјата на Крива Паланка ги документираме тогаш изградените објекти, започнати или изградени тунели, насипи, пропусти и објекти на делница од станица Жидилово преку главна станица Крива Паланка до станица Гиновци до село Псача, информира директорот на ЛУ Градски мувеј, Крива Паланка Драган Величковски.
Овие објекти, според него, кои егзистираат повеќе од 70 години на територијата на општината, можеби еден ден ќе станат и културно-историско наследство.
- Лани истражувавме на реон до граничен тунел во село Узем до Жидилово, годинава работиме до село Псача, а се надевам на есен, кога вегетацијата ќе го овозможи тоа, ќе продолжиме до село Опила , до устието на Крива Река каде влегува во кањонот и пругата преминува во кратовскиот дел, додаде Величковски.
Тимот кој работи на истражувањата е мешовит, освен Величковски од кривопалнечкиот музеј е вклучен и Александар Маџовски, историчар, додека од Бугарија, Ангел Џонев, историчар од Регионален историски музеј, Ќустендил и претставник од „Клуб на љубители на железницата од Софија“, Република Бугарија.
- Истражувањата се на инцијатива на колегите од Бугарија, кои се пасионирани љубители на железницата, но наш бенефит ќе биде што ќе се документира поголем дел од делницата, а колегите од Софија ни отстапија поголем дел техничка документација за железницата пронајдена во архивите на Република Бугарија, потенцира Величковски.
Објектите се градени во Втората светска војна. Од документирањето на целатa траса во Кривопаланечко ќе биде изработен стручен текст кој ќе се објави во „Славишки зборник 4“.
Ново на Сител
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал
-
Кумановец возел со 2,37 промили алкохол во крвта па удрил во паркирано возило
-
Уапсени двајца возачи, едниот возел со 1,90 промили алкохол, другиот со 1,60 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем