Македонија
21. јуни 2025 - 16:48

Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче

Лицето Зоран Давитков кое беше посочено дека го сокрил оружјето со кое биле извршени убиствата на Вања и Панче е под истрага за помагање на двете злосторства.. Неговото име вчера во својот завршен збор го откри обвинетиот Велибор Манев, а по барање на обвинителството беше веднаш уапсен.. 

„По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за – Помагање на сторител по извршено кривично дело. Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени“, велат од јавното обвинителство.

Обвинителството не открива дали осомничениот ја потврдил изјавата на Манев дека го сокрил оружејто, но  за проверка на таквите наводи, биле обезбедни судски наредби со кои биле извршени претреси на две локации.. Според обвинителството, се преземале и други истражни дејствија.. 

Додека трае истрагата пак, Давитков кој беше посочен од Манев добил задолжение од судија на претходна постапка повремено да се јавува во судот, а одземен му е и пасошот.. Како што велат од обвинителството, тоа го побарале со цел обезбедување на осомничениот до целосно завршување на постапката.. Од таму појаснуваат дека истрагата нема да има влијание врз судскиот случај кој е во завршница а пресудата е веќе најавена за во среда..  

„Истрагата против ова лице претставува посебен предмет кој не влијае на судската постапка за двете грабнувања и убиства која е во завршна фаза и во рамките на која Јавното обвинителство го поткрепи обвинението со голем број вербални и материјални докази за сторените дела“

Велибор Манев вчера во судницата рече дека Љупчо Палевски му се јавил од турската граница и побарал да му се јави на Давитков да го отстрани ранецот во кој се наоѓале оружјето и моторилите кои се користеле во грабнувањата и убиствата на Вања и Панче.. И на почеток од судскиот процес Манев рече дека постои лице кое помогнало во сокривање на тој ранец, ама тогаш не го откри неговото име.. Вчера, рече дека е вработен во народната банка и бил член на партијата Десна..