За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување
За пожарот во кочанската дискотека, на обвинителна клупа ќе седне и сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“.. Кривичниот суд информираше дека во целост го одобрил обвинението против Александар Нацев кој се гони за тешки дела против општата сигурност..
„Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи по дополнително обвинение поврзано со пожарот во дискотеката „Пусл“ во Кочани, донесе решение со кое во целост го одобри актот. Формиран е кривично правен предмет кој согласно АЈМИС системоте веќе распределен кај судија Биљана Смаќовска на понатамошно постапување“, се вели во известувањето до Основен кривичен суд – Скопје.
Според обвинението, обезбедувањето на дискотеката работело под контрола на Нацев, кој пак, како што тврди обвинителството не го почитувал законот за приватно обезбедување..
„И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери“, се вели во обвинението..
Дали и Нацев ќе седне на истата обвинителна клупа со 37 обвинети, зависи од Јавното обвинителство, од каде треба да пристигне таквото барање..
Првото судско рочиште за кочанската трагедија закажано е за 19 ноември.. Ќе им се суди на поранешни министри, градоначалници, сопствениците.. Според обвинителството нивните пропусти биле причина за пожарот во кој загинаа 63 лица а повеќе од 200 беа повредени..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар