Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска

Рано утрово избувна пожар во Писак, град во Хрватска на јадранскиот брег, а според извештаите, гори шумата над главниот пат, кој е затворен во тој дел.
Пожарникарите се на местото на настанот, а ситуацијата брзо се менува поради ветерот и непристапниот терен. Жителите се обидуваат да ги заштитат своите домови, додека туристите, видливо вознемирени, го напуштаат подрачјето.
Засега нема информации за повредени.
На прес-конференција во Макарска, заменик-началникот на Сплитско-далматинската полициска управа Синиша Михановиќ ја коментираше ситуацијата на местата на пожарот, потврдувајќи дека областа Мимица е најкритична утрово.
Тој нагласи дека се вклучени сите служби и дека приоритет е да им се помогне на граѓаните и да се преместат на безбедно место.
Михановиќ потврди дека полицијата интензивно го истражува кривичното дело подметнување пожар што се случи во областите Макарска и Омиш.
-Правиме сè што можеме за што поскоро да ги пронајдеме сторителите и да им помогнеме на граѓаните да излезат од оваа многу опасна ситуација во областа Мимице, рече тој.
Тој изјави дека во моментов се испитуваат сите опции и дека сè уште не е можно да се зборува за бројот на сторители.
-Не можеме сега да зборуваме за тоа дали станува збор за еден или повеќе сторители. На една локација, преку доказите утврдивме како е започнат пожарот.
Тој, исто така, потврди дека пожарите во тие области навистина биле подметнати.
Ново на Сител
-

Трамп разговараше со Мамдани за трошоците за живот во Њујорк, го оценија состанокот како продуктивен
-

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар
-

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија
-

Венс: „Фантазија“ е да се помисли дека Украина може да победи со повеќе пари и оружје од САД
-

Доделување на државната награда „22 Ноември“
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена седница по повод Денот на албанската азбука
-

Белгија не е задоволна од ветените „гаранции“ за користењето на замрзнатите руски средства
-

Дипломати: Подготвен е нацрт на заедничката декларација на лидерите на самитот на Г20
