-->
-->
Мицкоски ќе се обрати на свечена седница по повод Денот на албанската азбука
-->

По повод 22 Ноември - Денот на албанската азбука денеска во Владата ќе се одржи свечена седница, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
На 22 ноември се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Конгресот на уедничување на азбуката на албанскиот јазик претставува еден од најзначајните настани во историјата на културата, и на албанскиот народ во целина.
Од 22 ноември 2007 година, Денот на албанската азбука се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во земјава.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
-

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
