Додик најави пролонгирање на законите за армијата и даноците во РС
Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик најави дека ќе се пролонгира носењето на закон во Народното собрание на Република Српска, со кој ингеренциите од областа на одбраната и на даноците од државата се враќаат на ентитетот.
– Логиката налага поради новите околности да ги пролонгираме тие работни места за уште шест месеци. Никаде не брзаме, но можам да кажам дека сите документи се подготвени. Се чека процедурата, но ќе го одредиме моментот, наведе Додик.
Тој, одговарајќи на прашање дали очекува санкции од Германија, по САД и Велика Британија, кои го обвинија за дослух со Москва, наведе дека „им служи исклучиво на РС и на српскиот народ и дека ќе биде и против Москва ако таа преземе или бара нешто против српските интереси во РС“, истакна Додик.
Тој истакна дека ќе ги суспендира сите британски и германски проекти во РС.
– Нека размислат во Берлин што значи да се има парцијален однос кон ентитетите. Можеби тие со таквата политика дополнително не разделуваат, истакна Додик.
Ново на Сител
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот