-->
-->
Добитникот на „Златна камера 300“ Бруно Ганц пристигна во Битола
-->
Актерот Бруно Ганц, добитник на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност што се доделува на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ пристигна во Битола.
Тој синоќа се прошета по Широк Сокак заедно со директорот на фестивалот Димитар Николов, неговата сопруга Кристина Христова-Николова и режисерот Митко Панов, член на меѓународното жири на Официјалната програма на фестивалот. Претходно Ганц со домаќините ја посети и винарската визба „Тиквеш“, која годинава е спонзор на фестивалот.
Наградата на Ганц ќе му биде врачена утревечер, на свеченото отворање на 36. издание на фестивалот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор