-->
-->
До ДИК 980 барања од граѓани со спорни записи
-->
До Државната изборна комисија (ДИК) до 13:00 часот се пријавиле вкупно 980 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
Од нив, 289 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 691 за пријавување ја искористиле веб - апликацијата на интернет страницата на ДИК.
ДИК денеска ги објави поднесените пријави по општини. Најмногу пријави има во подрачната единица на ДИК во Чаир 180, потоа во скопски Аеродром 83, во скопски Центар 76, во Кичево 62, во Гостивар 55, во Тетово-52 и скопската општина Карпош - 42.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен