ДКСК-Транспаренси: Граѓаните недоволно информирани за Законот за заштите на укажувачите
Меморандум за соработка за примена на Законот за заштита на укажувачите, денеска потпишаа Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Транспаренси Интернешенал-Македонија (ТИ),што е поддржан од ЕУ и Амбасадата на Холандија, а е во рамки на проектот „Зајакнување на националниот систем на интегритетет во замјите од Западен Балкан и Турција и следење на развојот на антикорупциските реформи.
Слаѓана Тасева од ТИ-Македонија рече дека со оваа соработка граѓаните ќе се информираат за можностите што ги нуди Законот за заштита на укажувачите.
- Овој Закон го имаме две години и недоставува негова имплементација, а граѓаните не се информирани за можностите што ги нуди законот. Бидејќи ДКСК е задолжна да ја следи примената на Законот и да известува во Собранието на РМ, сметавме дека е најсоодветно Транспаренси Македонија и Антикорупциската Комисија да соработуваат како најодговорни за спроведување на овој закон, истакна Тасева.
Претседателот на ДКСК Игор Тантуровски појасни дека оваа соработка со Невладините организации претставува една од заложбите на ДКСК кои, како што рече, Антикорупциска веќе почнала да ги остварува.
На прашањето дали има корупција во зголемувањето на патните трошоци на пратениците, Тантуровски рече дека Антикорупциска нема влијание во одредување на нивните трошковници. Информира дека ДКСК работи на дискреционите овласувања што ги имаат државните органи и рече дека во иднина ќе се бара сите наоди да бидат вклучени во незаконските решенија. Претседателот на Антикорупциска појасни дека дискрециските овластувања претставуваат мерки што на именуваните лица им се дозволени да ги прават по нивно наоѓање.
Според Тасева во Собранието треба да се уредат повеќе работи меѓу кои и следење и контрола на привилегиите, како и бенефитите што ги користат членовите на Собранието и пратениците. Недостасуваат и други механизми, како следење на примени подароци и услуги. Трошоците на пратениците спаѓаат во привилегија и потребно е добро да се уреди и да се регулира за да не може да се злоупотребува, рече Тасева и нагласи дека постојат сомневања, но дека тоа треба да се истражи.
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам