Димитриевски: Истакнувањето обележја на т.н. голема Албанија и неинтонирање на државната химна е спротивно на Уставот и законите
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски го осуди вчерашниот протокол и организација при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Општина Чаир, одлуката за промената на името на улицата Втора Македонска ударна бригада, како и истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија, повикувајќи ги надлежните институции да постапат согласно овластувањата.
- Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата. Ги повикувам надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да постапат согласно овластувањата и превземат постапки против одговорните и сторителите а надлежниот суд истите да ги санкционира доколку сеуште оваа власт има супрематија, реагираше градоначалникот Димитриевски.
Димитриевски упати јавно прашање и до раководството на СДСМ, дали ова ја отсликува заедничката борба за "Едно општество за сите".
- За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата "Едно општество за сите"?Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи? Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам, вели Димитриевски во неговата реакција.
Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
