Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 п.п. продолжуваме со фискална консолидација и забрзан економски раст
Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно објавените податоци јавниот долг бележи намалување од 4,7 п.п. во споредба со нивото од крајот на 2024 година и изнесува 57,7 отсто од БДП или намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ.
-Ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведуваме и траекторијата по која се движиме. Јавниот долг од 62,4 отсто од БДП на крајот на 2024 година се спушти на 57,7 проценти што е резултат на мерките што ги преземаме за фискална консолидација, мерките за намалување на непродуктивните трошења, како и напорите за подигнување на економската активност, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Според неа, целта да се оди кон понизок буџетски дефицит, согласно фискалните правила од 3 отсто и јавен долг под 60 проценти од БДП, е остварлива, само бара многу посветеност и напор на секое ниво и на страната на прибирање на приходите, како и на расходната страна. Дополнително, како што додава, и она што е многу важно што го работи оваа Влада, е посветеноста на реализација на инвестициите кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, а тоа на долг рок ќе донесе намалување на нивото на долгот.
Димитриеска-Кочоска нагласува дека клучна цел на Министерството за финансии и Владата е подобрување на управувањето со јавните финансии, како и одржување високо ниво на капитални расходи кои ќе ги поддржат долгорочните економски приоритети.
Министерството за финансии го објави и нивото на државниот долг во првиот квартал од 2025 година кој изнесува 50,1 отсто од БДП и бележи намалување од 3,7 п.п. во однос на нивото на државниот долг објавен на 31 декември 2024 година. Согласно објавените податоци државниот долг во апсолутен износ изнесува 8,328,7 милиони евра, додека јавниот долг 9,583.9 милиони евра.
Во првиот квартал Владата, односно Министерството за финансии изврши исплата на Еврообврзница во износ од 500 милиони евра. Дополнително во овој квартал е извршена вкупна исплата на обврски по основ на главнина за надворешен јавен долг во износ од 679,4 милиони евра, вклучително и еврообврзницата.
Министерството за финансии согласно утврдената динамика, нивото на јавен долг го објавува на квартално ниво, додека нивото на државен долг се објавува на месечно ниво.
Ново на Сител
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите