Живот
4. April 2017 - 14:47

Дијана (13) сакала да си земе паднатиот мобилен на пругата и направи фатална грешка

Една тинејџерка загина во Квинс во неделата попладне откако се обидела да го крене телефонот кој и паднал на пругата во метрото. Таа настрада кога во неа удри воз.

Њујоршката полиција рече дека повикот го примиле непосредно пред четири часот попладне.

Девојката е идентификувана како Дијана Кадрибашиќ (13). Неа ја удри воз кога се симнала на пругата за да си го земе мобилниот телефон кој и паднал, пренесе полицијата.

Таа тргнала до трговскиот центар за да се најде со пријателите кога направи фатална грешка, пренесува СиБиЕс Њујорк. Возот ја покосил додека се обидувала да се качи на платформата.

-Бев во првиот воз кога слушнав тап удар. Сите одеднаш почнаа да скокаат и да врескаат, рече возачот од метрото Стефан Топете.

Несреќата се случила во Рего Парк каде поминуваат линиите Е, М, Р. Работникот кој го одржува метрото вели дека возот се обидел да успори, но не можел да запре на време.

Foto: Facebook

Девојчето е одведено во болницата Елмхурст, каде починала. По трагедија, градскиот превоз во Њујорк, објави соопштение во кое ги потсетува луѓето за безбедноста на платформата и дека секогаш треба да стојат зад жолтата лента.

Нејзините пријатели ден подоцна дошле на местото на несреќата и се уште не веруваат дека ваква трагедија и се случи на нивната другарка.

-Имаше насмевка која го грееше цел свет. Беше исклучително добра личност, велат тие.

Погребот на Дијана е закажана за во вторник, а нејзиното семејство ги моли новинарите да ја почитуваат нејзината приватност.

Погледнете го видеото: