Детски ликовен камп „АСНОМ“ во Пелинце
Триесеттина ученици од основните училишта и претставници на двата центри за лица со интелектуална попречност во Куманово изработија околу сто дела во различни ликовни техники на традиционалниот осми по ред Детски ликовен камп „АСНОМ“, што се одржува во Пелинце.
Манифестацијата и годинава се одржува во организација на Фондацијата за култура и спорт и Секторот за култура од општина Куманово. Претставници на локалната власт на денешното затворање на детскиот ликовен камп им доделија признанија на учесниците за нивното учество во кампот.
Директорот на Фондацијата за култура и спорт, Нино Величковски информираше дека кампот траел четири дена, а младите уметници се обучувале за различни ликовни техники.
- Оваа манифестација има за цел да го поттикне уметничкиот дух и креативноста кај децата, затоа и секоја година е се популарен овој камп, а тоа го покажува и бројката на учениците на овој камп, рече секретарот на општина Куманово, Десанка Стошевска.
Учениците изработиле графика, скулптура, слика и поп арт и покажале соодветни знаења, вели професорот по ликовна уметност, Симона Јакимовска.
Учениците истакнаа дека ова е одлична можност да се едуцираат, а дел од нив веќе се определиле дека ќе продолжат со образованието во оваа насока. Уметничките дела создадени на ликовниот камп во Пелинце ќе бидат подарени на регионалниот центар „Порака наша“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат