Детектор анкета: Само еден од тројца Македонци заработува доволно за да го преживее месецот
Близу две третини од граѓаните не заработуваат доволно пари за да си ги покријат месечните трошоци, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него 60,8% од анкетираните изјавиле дека месечните приходи не им ги покриват потребите кои ги имаат тој месец, додека 34,6% рекле дека заработуваат доволно за да си ги покријат трошоците.
Споредбата со анкетата која на истата тема ја спроведовме во 2020 година не покажува некоја значително разлика. Процентот на граѓани кои не можат да си ги покријат трошоците се зголемил за 1,5 поен заедно со раст и на процентот на граѓани кои заработуваат доволно за да го покријат месецот од исто така 1,5 поени.
Според половата структура, жените имаат поголем проблем да заработат доволно за да си ги покријат месечните трошоци. Додека 65,3% жени не заработуваат доволно за да ги покријат месечните трошоци, ваков проблем имаат 56,3% мажи. 39,5% мажи рекле дека месечните приходи им ги покриваат трошоците наспроти 29,9% жени.
Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас