Македонија
28. November 2024 - 16:37

Редовна седница за пратенички прашања

Народот набрзо ќе дознае како поранешната власт незаконски прислушувала и следела, но и со какви методи се служела обвини премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од опозицијата и обвинување дека партизацијата на институциите која ја спроведувала власта е вовед во план за незаконско прислушкување. 

Албанската опозиција го обвини Мицкоски и владата дека создаваат платформа против Албанците, а постапката за албанскиот јазик пред Уставен е еден од чекорите. Премиерот пак и врати дека ова е платформа против партиските профитери.

Одговарајќи на обвинувањата од СДСМ дека владата свесно го одолговлекува процесот на изградба на пругата со Бугарија, министерот Николовски ја повика бугарската страна да се охрабри и на нова средба да се бара заедничко решение за железницата како дел од Коридорот 8.

Премиерот откри дека има информации за епски криминал во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино. Имале и други сознанија и сведочења на учесници. 

И загадениот воздух, кризата со автобускиот превоз во Скопје, беа дел од прашањата упатени од опозицијата, на редовната седница за пратенички прашања резервирана во последниот четврток во месецот.