Детали за сообраќајката: Загинаа дете и двајцата родители кај Делчево
Двегодишно детенце и неговите родители попладнево загинаа во тешка сообраќајна несреќа на дестина километри пред Делчево.Според првичните информации од СВР Штип, несреќата се случила при директен судар на патничкото возило Фиат пунто со делчевски регистерски таблички со камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички управуван од 56-годишниот ПГ од Штип.
– Во несреќата на лице место загинале 32-годишниот ДД кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата била пријавена во 15:40 часот, а се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро, информира Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Таа додаде дека екипи од полицијата и надлежните органи во моментов вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин во двата правци.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
Марта Кос се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија
-
Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот
-
13 физијатри и 8 физиотерапевти од Скопје од понеделник на работа во кочанската болница
-
25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир