Детали за насилието од СДСМ: Го претепале затоа што рекол дека кризата треба да заврши
Академикот Горазд Росоклија, светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата на својот Фејсбук профил објави детали за нападот на 68 годишниот Јове, кој ги водеше сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот.
-Јове седел во Гурман и разговарал за кризата во Македонија со газдата на Гурман и со еден другар. На соседната маса седеле двајца кои му се заканиле затоа што за кризата го обвинува СДСМ. Јове тргнал дома, од Гурман кон Буњаковец преку Капиштец. Во темниот простор кај Капиштец го стигнале и го пребиле, како што вика не мислејќи дали ќе го убијат. Подолу го пренесов текстот што ми го прати едно девојче кое присуствувало на тепањето. Било грозно. Тоа е за сега. Утре ќе зборувам со него поопширно.
ПС: Од напишаново, паметните ќе заклучат до што води создадената атмосфера во земјата. Глупавите ќе заклучат дека напишаново, а не постапките, создава немири, пишува Росоклија.
Претходно Росоклија преку социјалните мрежи сподели информација која дошла до него за нападот на Јове.
-Јове има 68 години, ги водеше сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот заклучно со Мт. Еверест кога ни загина Димитар Илиевски ,,Мурато”. Во моментов ми течат солзи и немам зборови но солзите ќе пресушат, напиша Росоклија.
Соочени со десеттиот изборен пораз по ред, ескалира нервозата кај СДСМ и нивните поддржувачи, кои почнаа да се служат и со насилство поради тоа што немаат поддршка од мнозинството граѓани.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска