Денеска е голем празник - на Преображание никако не правете го ова!
Православната црква и нејзините верници денеска го одбележуваат големиот празник, Преображение.
Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.
Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.
Како што се верува, на денешниот ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.
Не е добро дененска да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Но она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ