Аналитичарите со поделени мислења по лидерската средба
Поделени мислења имаат политичките аналитичари по средбата Мицскоски – Филипче. Дел ја гледаат како ново групирање во македонскиот политички блок, за други пак, таа е соработка за спроведување на неопходните реформи.
Аналитичарот Благојче Атансовски, смета дека СДСМ го губи приматот на опозиција и се припојува кон власта, а не очекува и ништо од работните групи.
„Ништо не може да разговараат од проста причина што овие две партии практично најизменично досега владееја во изманите 34 години на повеќепартиска демократија во Макеоднија и тие се таканаречените системски партии. Бидејчи после трагичните настани во Кочани сите бараат ресет и промена на системот. Мислам дека тие што го креираа системот се дел од проблемот на тој систем, а не дел од решението како што денеска пробуваат во јавноста после оваа фамозна средба меѓу премиерерот и т.н лидер на опозицијата да се наметна како решение“, изјави Благјоче Атанасовски.
Атанасовски смета дека со тет-а-тет средбата, се дефакторизираат албанските политички партии. Аналитичарот Џелал Незири, на лидерската гледа како шанса за реализирање на реформската агенда на Владата, но остава сомнеж на координација на една етничка група.
„Важно е да не се испраќа погрешна порака до јавноста дека станува збор за договор кој се случува во одреден кампус , конкретно, македонскиот и кој потоа може да предизвика страв, недовреба, дезинфомрации кај етничките албанци и кај кои потоа може да се создава наратив да се креира наратив кој потоа би подразбирал унифицирање, здружвање и на сите политички партии на албанците во една формална или неформална коалиција“, изјави Џелал Незири.
Затоа, смета Незири, потребна е лидерска со присуство и на другите политички партии и сите заедно да придонесат во донесување и спроведување на реформските закони.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар