Ден за високи гости на воената вежба „Македонски блесок - 11“
Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок-11” на армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира програма за Денот за високи гости.
Најавено е присуство на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамед Рацај, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.
Според програмата, на Денот за високи гости ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки со кои ќе се прикаже обученоста и извежбаноста на четата на Воената полиција (чВП) и ренџерската чета (рч), кои беа оценувани на вежбата ,,Македонски Блесок-11”.
Оценувањето на чВП и рч се реализираше согласно Концептот за оперативни способности на НАТО (ОСС), а го спроведе оценувачки тим на АРМ, заедно со набљудувачи од различни команди на НАТО.
Ново на Сител
-
Локални избори 2025
-
Преглед на вестите од светот
-
Продолжува судењето за „Онкологија“
-
Мицкоски: Безидејноста на опозицијата не се покрива со црна кампања
-
Филипче: Власта потфрли на сите полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово