Делчевскиот градоначалник Трајковски со осуда за силувањето жена во неговиот град
Продолжуваат реакциите со осуда, по силувањето кое в сабота се случи врз жена од Делчево. Осуда за монструозниот чин, денеска изрази делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој ги повика надлежните органи максимално професионално да го водат случајот и да изречат максимална казна за сторителот.
-Делчево е во шок по немилиот настан, каде маж физички злоставувал жена во нејзиниот дом. Изразувам осуда за овој монструозен чин и ги повикувам надлежните органи максимално професионално да го водат случајот и да изречат максимална казна за сторителот, која ќе биде за пример за сите останати, кои ќе се дрзнат да посегнат и да нанесат физичка и психичка болка на жена. Како градоначалник, заедно со Комисијата за еднакви можности, ќе ја дадеме целата потребна помош и поддршка, жртвата да се избори со последиците по грозоморното физичко и психичко малтретирање, рече Трајковски.
Делчево како што додаде, не е и не смее да биде сцена од холивудски хорор филмови, каде криминални и болни умови ја роварат сигурноста и безбедноста на сите граѓани.
-Ова посебно важи за насилството врз жените, со што насилниците нарушувајќи ја нивната самодоверба, предизвикуваат негативна перцепција и да ја дискриминираат жената. Заедно со Комисијата за еднакви можности при Општина Делчево будно ќе го следиме развојот на случајот, а воедно со граѓанските организации во Делчево и Секторот за превенција при МВР заедно со КЕМ ќе работиме на оваа проблематика со цел да превенираме вакви идни случаи, додаде Трајковски во својата реакција.
Освен од градоначалникот и Комисијата за еднакви можности при општина Делчево, деновиве со осуда за грозоморниот чин, излегоа неколку граѓански организации и поединци. Силувањето врз жена од страна на полицијата е регистрирано на 31 октомври годинава, при што по пријавувањето на силувањето од страна на роднина на нападнатата жена, полицијата го приведе 24 годишниот Б.Ј од Делчево.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница