Дефекти на системот за парно греење во дел од кумановските училишта, наставата редовна

Во дел од училиштата каде има послаба изолзација и каде нема сменето столарија контиуираните екстремно ниски температури што трааеја три недели предизвикаа одредени оштувања на системите за парно греење и водоводната инсталација, информира денеска Жика Крстевски, раководителот на Секторот за образование на општина Куманово.
- Во последната недела извршена е поправка на оштетувањата, така што второто полугодие започна во сите училишта во Куманово. Од вкупно 21. училиште единствено имаме технички проблем во основното училиште „Магдалена Антова“ во населбата „Карпош“ каде не можеше да стартува системот за затоплување. Во моментов се работи на отстранување на дефетктот и според нашите сознанија, ќе биде отстаренет во попладневните часови. Денеска, часовите во тоа училиште беа скратени, додека од утре се очекува тековно одвивање на наставата, изјави Крстевски.
Прецизира дека шест од училишните згради се затоплуваат на гас и таму воопшто нема проблеми. Проблеми нема ниту во подрачните училишта каде затоплувањето е на огревно дрво, а единствено минимални проблеми има во оние училишта кои се затоплуваат на нафта.
- На 26-ти овој месец ќе се отвори новиот тендер за нов добавувач на нафта и се надеваме на поредовно и квалитетно снабдување, изјави Крстевски.
Претходно во сите училишни згради во Куманово е извршена вонредна дезинфекција против грип.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
