Д-р Лазаров: Министерот најде време за попови и оџи, а за матичните лекари не
Во геералниот штрајк на матичните лекари денеска учество зеле дури 80 проценти од ординациите во државата. Матичниот лекар Ненад Лазаров вели дека бројот на издадени рецепти е ниска, бидејќи на дневна основа само толку рецепти се издаваат за „дијазепам“.
– Имаме огромна поддршка, никој не работи. Заменикот министер за здравство Владимир Рендевски вели ќе се сретне со колегите денеска за да се разгледаат нашите барања. Сметам дека е навредливо што министерот за здравство Беким Сали, кој патем доаѓа од примарното здравство кое моментално е дигнато на нозе, не оствари средба со нас туку го праќа својот заменик. Сали најде време да се сретне со јапонскиот амбасадор, со попови и оџи, ама колегата не најде време со нас да направи муабет кога му протестираат 80 проценти од матичните ординации. Ако денес не се договори ништо конкретно, тогаш следната недела го продолжуваме штрајкот со физичко присуство пред зградата на Министерството за здравство, вели Лазаров за „Слободен печат“.
Ново на Сител
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ
-
Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
-
Матурант од Струмица пронајден мртов
-
На лузните од изгореници им треба време да заздрават
-
Извештај за родова самопроценка во одбраната: Родовите стереотипи постојат, но има видлив напредок
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Прва седница на Уставен без Дуковска, засега не се знае кој ќе ги превземе нејзините предмети