Црвенковски: Потпишувањето на договорот со Бугарија беше голема грешка
„Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив ја отвори пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен“, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.
Тој додаде дека голема грешка е потпишувањето на договорот со Бугарија, токму поради тоа што наместо да се подобрат, односите меѓу двете земји се влошиле.
„Односите со Грција по потпишувањето на Преспанскиот договор се неспоредливо подобри отколку пред договорот. Сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши по отколку пред потпишувањето на договорот. Или да бидам уште подиректен. Потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка со Бугарија со таква содржина посебно со формулацијата за заедничка историја и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешка“, додаде Црвенковски.
Поранешниот претседател, премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, се појави на трибина организирана од Дипломатскиот совет.
Ново на Сител
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации
-
Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Сончево и многу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Голем бод за Македонија против Белгија