Честитка од почесниот конзул на Руската Федерација во Македонија по повод Божик
Почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Самсоненко упати честитка до православните верници во Македонија по повод големиот христијански празник Божик.
- На сите граѓани во Македонија кои го слават Божик, им посакувам радоста на Христовото раѓање да им ги исполни срцата и домовите со мир и љубов кон другиот. Христијанството нè учи на уважување, толеранција и заедништво, а славењето на најголемиот христијански празник испраќа порака да се собереме и заедно данаправиме сè да имаме општество со среќни луѓе. Ова е можност не само да покажеме подготвеност, туку и да чиниме добро и да бидеме дарежливи кон другите. Искрено посакувам Божик да го поминете во христијански дух кој во секој човек буди топлина и радост, се вели во честитката од Самсоненко до православните верници во Македонија.
Во тоа име и надеж, се додава, Ви посакувам среќен и благословен Божик. Дочекајте го во добро здравје со своите најблиски.
Ново на Сител
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ