Бројот на жртвите од земјотресот во Мексико се искачи на 282
Мексиканските власти ја демантираа информацијата дека има живо девојче под урнатините на училиштето „Енрике Ребсамен", што се урна од катастрофалниот земјотрес во вторникот.
- Сигурни сме дека сите деца од училиштето или се спасени или загинати или се во болница, изјави заменик- министерот на морнарицата Анхел Енрике Сармиенто, раководител на спасувачките операции.
Тој рече дека 11 деца биле спасени од урнатите згради. Загинале 19 деца и 6 возрасни.
- Под остатоците од зградата имало жив постар човек, кој спасувачките екипи се обидуваат да го извадат, изјави заменик- министерот Сармиенто.
Првично локални медиуми јавија дека спасувачите чуле глас на живо девојче под урнатините. Станува збор за девојчето Фрида Софија, кое, како што информираа медиумите, им рекло на спасувачите дека има уште четири затрупани живи деца. Но, сега, властите потврдија дека е позната судбината на сите ученици,од тоа училиште. А, и роднините на детето Фрида Софија не се појавиле крај училиштето.
Според најновите податоци, 272 лица загинаа во земјотресот во Мексико. Најмногу жртви има во главниот град - 137, 73 загинаа во државата Морелос, 43 во Пуебла и 13 во државата Мексико.
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот