„Бритиш ервејс“ привремено ги откажа сите летови од аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“
Британска авиокомпанија „Бритиш ервејс“ соопшти дека ги откажа сите летови од главните лондонски аеродроми „Хитроу“ и „Гетвик“ што беа планирани до седум часот вечерва, заради компјутерски проблем на глобално ниво, пренесоа британските медиуми.
„Имавме голем пад на системот на информатички технологи (ИТ) што предизвика тешки пречки кај нашите воздухопловни операции ширум светот“, стои во соопштението на „Бритиш ервејс“.
Авиокомпанијата посочи дека нејзините терминали на двата аеродрома се „затворени“ и патниците ги повика да не се упатуваат кон аеродромите.
Претходно денеска беше соопштено за долги редови на шалтерите за регистрација на патниците на „Хитроу“ и за доцнење на летовите.
„Бритиш ервејс“ не ја посочи причината за компјутерскиот проблем, но уверува дека работи на неговото што е можно побрзо отстранување.
Ново на Сител
-
Една ипол година затвор за поранешните директори на модуларната болница во Тетово
-
Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не
-
Герила акција пред обвинителството
-
Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, oд првиот момент планирале убиство
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката