-->
-->
Божиќно НБА уживање Кливленд – Голден Стејт
-->


Божиќната празнична атмосфера во САД традиционално е збогатена со квалитетна понуда на натпревари во најдобрата светска кошаркарска лига НБА.
Вечерашната понуда ја сочинуваат три натпревари.
Програмата ќе ја отворат Њујорк и Бостон со натпреварот од 18 часот, по македонско време, за веднаш потоа да следува големото дерби меѓу Кливленд и Голден Стејт, што практично е репризата на минатогодишното финале.
Ова ќе биде и прв овосезонски дуел на екипите кои минатата сезона одиграа максимални седум натпревари во борбата за шампионскиот трофеј, по која на крајот се радуваа кошаркарите на Кливленд.
Дуелот на Леброн Џејмс, Кајри Ирвинг и Кевин Лав наспроти Стивен Кари, Кевин Дурант и Клеј Томсон, гарантира вистинско уживање и атрактивни потези, па дури и за најпребирливите вљубеници во кошаркарската игра.
Актуелниот шампион Кливленд ќе се обиде да ја продолжи перфектната традиција на успешни настапи пред својата публика кога се во прашање натпреварите на Божик. Имено, Кливленд досега има одиграно пет натпревари на свој терен и сите ги има решено во своја корист.
Од другата страна, составот на Голден Стејт со скор од 27 победи и само четири порази е најдобрата екипа во досегашниот тек од шампионатот. „Воините“ се надеваат дека да ја продолжат серијата од седум победи во низа или 11 на последните 12 одиграни натпревари.
Каков ќе биде исходот од дуелот на најголемите фаворити за шампионскиот трофеј и годинава, останува да се види по одигрувањето на мечот кој ќе започне во терминот од 20:30 часот, по македонско време.
Во последниот натпревар од божиќната програма (23 часот) Сан Антонио ќе го пречека тимот на Чикаго.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група СДСМ
-

Одложено утрешното судење за „Пулс“, обвинетите не го добиле обвинението
-

Заврши истрагата за полициските службеници осомничени за пожарот во кочанската дискотека
-

Екс министерот Димковски осомничен за криминал со стоковните резерви
-

Судски совет презентираше програма за борба против корупцијата во судството
-

Мицкоски до утре ги чека предлозите од ВРЕДИ за празните места во Владата
-

Над 6 илјади граѓани аплицирале за грант за отворање сопствен бизнис
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
