Бошњаковски: Законот за употреба на знамињата треба да го почитуваат сите
Се што е утврдено во Законот за употреба на знамињата треба да го почитуваат сите, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
По настанот во Охрид кога на Самоиловата тврдина беше поставено големо албанско знаме од страна на фолклорна група за што беше изречена и судска казна, Бошњаковски рече дека Владата не коментира судски одлуки.
– Таму веќе имаме првична судска одлука, Владата не коментира судски одлуки. Меѓутоа, штом судската одлука е таква каква што е очигледно дека постојат некои прекршувања на Законот за употреба на знамињата, рече Бошњаковски прашан за коментар на изјавата на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи дека според Законот, албанското знаме може да биде поставено каде било.
Како што дополни Бошњаковски секое прекшрување на Законот за употреба на знамињата се санкционира без разлика кое е знамето. Во државава имаме Закон за употреба на знамиња со јасни одредби, клаузули и членови. Секаде каде што е тоа дозволено е дозволено, тоа е закон и сите треба да го почитуваат без разлика за кои знамиња станува збор. Доколку има прекршувања на законот апсолутно дека следуваат санкции, рече Бошњаковски.
Ново на Сител
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ
-
Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
-
Матурант од Струмица пронајден мртов
-
На лузните од изгореници им треба време да заздрават
-
Извештај за родова самопроценка во одбраната: Родовите стереотипи постојат, но има видлив напредок
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Прва седница на Уставен без Дуковска, засега не се знае кој ќе ги превземе нејзините предмети