-->
-->
Боки 13 во понеделник на распит кај Русковска
-->
Првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски, во понеделник е повикан на распит во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дознава Сител.
Прв пат Боки 13 ќе одговара на прашања од Обвинителката Вилма Русковска откако му беше определен притворот.
Веќе наредниот ден, во вторник, на распит во обвинителството е повикана и Катица Јанева.
Таа по втор пат ќе се соочи со Обвинителката Вилма Русковска. Претходно беше повикана во својство на лице од кое се бараат потребни известувања, по што веќе следниот ден беше уапсена.
Инаку за случајот Рекет до сега сведочеа 11 лица. Свој исказ имаше и второобвинетиот Зоран Милевски.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години