Бојан Џонов и Трајче Иванов најсреќни на Водици во Штип
Во реката Брегалница светиот крст традиционално се фрла на две локации. Годинава најсреќни беа Бојан Џонов и Трајче Иванов. Џонов го фати крстот во Ново село, а Иванов во населбата 8-ми Ноември, каде што се одржа и централната манифестација.
Џонов и Иванов првпат го фаќаат светиот крст иако неколку пати досега учествувале на манифестацијата. Овој чин, велат, го прават за здравје и среќа во семејството.
Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион кој чиноначалствуваше со литургијата и осветувањето на водите на реката Брегалница кај Камениот мост, на православните верници им го честита големиот празник Богојавление - Водици. Овој крст во водите на реката Брегалница во Штип се фрла од 1863 година.
- Бог се јави. Навистина се јави. Многу здравје и благослов на целиот православен народ. На момчето кое го фати крстот му посакуваме многу здравје, радост, напредок и успех во животот, рече Иларион.
Штипскиот градоначалник Илчо Захариев истакна дека реката Брегалница за граѓаните од источна Македонија е реката Јордан, бидејќи во неа се крштевале и крунисувале Пајонските кралеви.
- Тука нашите Свети браќа и сесловенски просветители Свети Кирил и Методиј ја ширеле словенската писменост и христијанството, тука ја пишувале глаголицата и затоа го користам денешниот ден на сите свештеници на МПЦ и на сите православни граѓани на Република Македонија да им го честитам овој голем празник, вели Захариев.
Џонов и Иванов од Брегалничката епархија добија икони и Библија, а од градоначалникот таблети и производи од фармацевстката компанија Алкалоид, додека сопственикот на аптеките Зегин, кој се појави како спонзор на сите манифестации во Брегалничкиот регион, на среќните момчиња им подари маици, бањарка и ЛЦД телевизор.
Претениците Никола Мицевски и Трајче Димков кои присуствуваа и на двете манифестации во Штип на православните верници им го честитаа празникот Водици и посакаа да се слави во мир и благосостојба.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии