„Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ соперници и во 2025 година
Времето на нивните најголеми успеси, се чинеше, помина, но соперништвото ќе живее и во 2025 година. Во февруари ќе бидат доделени новите „Греми“ награди, па и „Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се номинирани во некои од најважните категории.
„Битлс“, имено, се номинирани за „најдобра плоча“, што се смета за прва и најважна „Греми“ награда, но и во категоријата „најдобра рок изведба“ за песната „Now and Then“ (Сега и тогаш). И во двата случаја станува збор за „траката“ позната меѓу другото и по тоа што главниот вокал (Џон Ленон) е „исчистен“ и одвоен од стара демо-снимка, користејќи притоа технологии на вештачката интелигенција.
„Стоунс“, пак, имаат само една номинација - за најдобар рок албум, онаа за „Hackney Diamonds“, којшто излезе во 2023., но при крајот на годината, па не влезе во конкуренција за „Греми 2024“.
Ветераните на светската музичка сцена, се разбира, не се фаворити за престижните музички награди и мали се шансите да ги освојат. Во главната конкуренција се Бијонсе, Тејлор Свифт, Сабрина Карпентер, Били Ајлиш, Кедрик Ламар, Чарли екс-си-екс...
Со вкупно 11 номинации (и со 94 категории досега), Бијонсе е апсолутна рекордерка по номинации за „Греми“ и ја достигна бројката од 99 во досегашната кариера, убедливо надминувајќи го својот сопруг Џеј Зи, кој остана на 88 номинации.
Сите други главни фаворити за наградите, вклучително и овогодишната доминантна ѕвезда-изведувачка Тејлор Свифт, имаат по 6 - 7 номинации.
Наградите ќе бидат доделени на 2 февруари следната година, во „Крипто.ком арената“ (Crypto.com) во Лос Анџелес, САД.
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам