-->
-->
Без вода утре дел од Кавадарци и Неготино поради градежни работи
-->
Без вода во текот на утрешниот ден ќе остане дел од населението во градот поради градежни работи, информираат од ЈП Комуналец Кавадарци.
– Согласно планот за одржување и реконструкција на водоснабдителниот систем, утре на главната доводна водоводна линија за општините Кавадарци, Неготино, Росоман ќе се изведува градежни работи. Поради тоа, во текот на денот ќе се јави прекин во водоснабдувањето во високата зона на градот, како и намален притисок во останатиот дел на градот. Замолуваме за рационално користење на водата, соопштија од претпријатието.
ЈП Комуналец – Неготино пак, исто така извести дека утре ќе се изведуваат градежни работи на главната доводна водоводна линија за општините Кавадарци, Неготино и Росоман.
-Поради тоа, ќе се јави прекин во водоснабдувањето од девет до 17 часот. Ве молиме за рационално користење на водата, апелираа од неготинското претпријатие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колешино - Село со пример за верски соживот
-
Д-р Митов: Науката потврди дека јајцата можат да бидат корисни за здравјето, но да не се претерува
-
Ахмети ја потврди комуникацијата со Таравари - ВЛЕН најавува спојување во една партија
-
Германија ќе отпушти 1/3 од вработените, драстични отпуштања кај нас нема да има
-
Христијаните ширум светот го празнуваат Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден