Македонија
16. November 2020 - 12:02

Без вода дел од корисниците од Батинци

Прекин на водоснабдувањето ќе имаат денеска дел од корисниците од Батинци.

Од  ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект ф-80мм на улица 7 во Батинци, во близина на поштата.

Корисниците ќе бидат без вода од 11:15 часот се до завршување на активностите.