-->
-->
Беса одлучи кои членови ќе бидат кандидати за пратеници
-->

Движењето Беса вечерва ги определи кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Одлуките се донесени на состанок на Централното собрание во Тетово.
-Се разговараше за политичката состојба и кандидатите за пратеници. На оваа средба беше изгласан и списокот на кандидати за пратеници во изборните единици, информира Беса преку нивната страница на социјалната мрежа Фејсбук.
Во Изборна единица 1 кандидати се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Во двојката Бастри Бајрами и Шенаси Геладини. Мелинда Рашиди е единствен кандидат за пратеник во ИЕ 5. Најмногу кандидати за пратеници има за шестата изборна единица: Билал Касами, Фадил Зендели, Хатије Етеми ,Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани