-->
-->
Беровски ученици од угостителско-туристичката насока на практична настава во центри во Италија
-->
Учениците од ОСУ „Ацо Русковски“ Берово од угостителско - туристичката насока ќе ги надоградуваат своите вештини и знаења со практична настава во центри во Италија, како дел од Програмата Еразмус плус и прифатената апликација од училиштето, со цел стручно образование и обука и мобилност на учениците.
Вредноста на грантот е во вкупен износ од 75.036,00 евра во денарска противвредност, а како што потенцираше за МИА директорот на среднишколскиот училишен центар, Гоце Џавлевски, на учениците ќе им биде овозможено да патуваат два пати годишно по 15 дена во Италија.
- Засега е предвидено да бидат две групи од по 16 ученици кои ќе учествуваат во оваа образовна програма. Во рамки на програмата, учениците ќе ги зголемат своите знаења и вештини, ќе имаат можност за размена на искуства, а ќе им помогне во идната професија и во вработувањето. За самото училиште, оваа програма ќе придонесе за издигнување на стручната насока на повисоко ниво, рече Џавлевски.
Првата група од 16 ученици ќе заминат за Италија на стартот на идната учебна година, додека втората група, во второто полугодие. Инаку, во беровскиот средношколски училишен центар во моментов околу 90 ученици посетуваат настава во угостителско-туристичката насока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните