-->
-->
Бензините поевтинуваат за еден, дизелот за три денари
-->
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за еден, а дизелот за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63,50 денари.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 43,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 3,5 денари и ќе чини 32 денара за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,774 денари за килограм и ќе изнесува 15.969 денари.
Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Груби недостапен, Обвинителството бара притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот