БЕГ во интерес на јавното здравје во следниот период ќе работи со редуциран број на извршители
Групацијата БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП АД Скопје во интерес на јавното здравје и справување со заканата од корона вирусот, во согласност со препораките од Министерството за здравство, Владата на Република Македонија и СЗО, воведува мерки на претпазливост со цел превенција и заштита на вработените и потрошувачите. Почитувајќи ги во целост препораките за превенција од ширење на корона вирусот од последната владина седница, а со цел да обебеди сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до потрошувачите, компанијата во следниот период ќе работи со редуциран број на извршители.
Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, апелираме до потрошувачите:
- да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките од Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/,Владата, https://vlada.mk/ и Светската здравствена организација, https://www.who.int/.
- посетите во деловната зграда на компанијата и наплатните центри да ги сведат на минимум, освен за неодложни барања и услуги
- да ги користат електронските комуникациски канали на компанијата поставени на веб страницата https://beg-snabduvanje.com.mk/ за електронски плаќања и поднесување на барања, електронската пошта contact@beg-snabduvanje.com.mk за сите потребни информации или да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075/400-100
Топол дом е наш заеднички интерес, а безбедноста на вработените и потрошувачите е наш врвен приоритет.
Ново на Сител
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка
-
Дали ДПА е на чекор до влез во Владата? Премиерот не потврдува