Балетски триптих на 18 октомври премиерно во МОБ

Балетски триптих во кој првите две претстави „Агонија на срцето“ и „Софа“ се во кореографија на светски познатиот кореограф Ицик Галили од Израел, а третата е обнова на претставата „Песна над песните“ и е во кореографија на Сташа Зуровац од Хрватска, на 18 октомври премиерно ќе биде изведен на сцената на Македонската опера и балет, а репризата е на 24 октомври.
Во „Агонија на срцето“ и „Софа“ музиката е на Том Вејтс и Филип Глас, а во „Песна над песните“ музиката е на Марјан Нечак.
Уметничкиот раководител на Балетот, Олга Панго, денеска на прес-конференција рече дека ќе настапат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на МОБ.
- Го нарековме Балетски триптих, бидејќи трите претстави не се во релација една со друга, туку станува збор за модерен и современ балет и може да се најде некаква меѓусебена нитка, истакна Панго.
Во претставите настапуваат Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Мирјана Поп Алексова, Саша Евтимова. Ендру Кук, Симоне Џиролети, Андреј Литвиненко, Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев...
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
