Баевска-Вучковиќ: Намален бројот на колапси ова лето
Над 14.630 граѓани се прегледале на бесплатните превентивни прегледи за заштита од високите температури и топлото време, што ги спроведоа медицински екипи од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје од 7 јули до 6 септември оваа година.
На три пункта, еден на Кејот на реката Вардар и два мобилни, на 9.141 граѓани им бил измерен крвен притисок од кои кај 392 лица бил откриен зголемен притисок, пришто биле упатени кај матичен лекар за понатамошни прегледи. Кај 35 лица било забележано значително зголемување на крвниот притисок и биле упатени како итни-ургентни случаи во дежурните пунктови, информираше денеска на прес-конференција директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска-Вучковиќ.
За четири години, откако се спроведуваат бесплатните прегледите, информира Баевска-Вучковиќ, крвен притисок им е измерен на вкупно 34.702 граѓани. Промотивен материјал подигнале 14.880, 1.753 се новооткриени случаи на зголемен крвен притисок, а 93 лица биле итни-ургентни случави коишто биле упатени во дежурните пунктови или во Ургентниот центар „8-ми Септември“.
- Ова е четврто лето во кое колапсите беа сведени на минимум. Во текот на неколку дена од месецот имавме еден до два колапси и главно беа на отворено место, истакна Баевска-Вучковиќ.
Колапсите, информира таа, најчесто биле кај помладата популација, при што младите биле советувани да примаат повеќе течности и храна за да се избегне губење на свеста или премаленост.
Според Баевска-Вучковиќ, бројот 194 бил умерено растоварен во однос на другите лета, а за тоа, како што рече, активностите покажуваат дека граѓаните ги почитуваат препораките.
Ново на Сител
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата