Бадникова поворка по гостиварските улици
Бадникова поворка од дечиња кои ја пееја старата коледарска песна „Вечниот Бог", помина денеска низ улиците во Гостивар како најава за големиот христијански празник Божик.
Поворката тргна од соброниот храм „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад, поминувајќи по улиците „Илинденска" и „Гоце Делчев" и заврши во црквата „Св.Петка“ во близина на железничката станица.
И годинава со благослов на митрополитот тетовско-гостиварски г Јосиф по трет пат, децата кои беа на чело на поворката ја носеа Витлеемската пештера, а носеа и божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Годинава, имаше деца од повеќе возрасти кои претходно се подготвуваа за поуспешно да ја изведат оваа возобновена православна традиција во Гостивар.
Поворката беше придружувана од свештенослужителите од гостиварското архиерејско намесништво од каде за учесниците во поворката беа подготвени пригодни подароци
Ново на Сител
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството
-
Една ипол година затвор за поранешните директори на модуларната болница во Тетово
-
Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не
-
Герила акција пред обвинителството
-
Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, oд првиот момент планирале убиство
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт