-->
-->
Австралија по продолжение подобра од Сирија
-->
Со двата гола на Тим Кејхил фудбалската репрезентација на Австралија успеа денеска да ја совлада Сирија со 2:1 во реванш баражот од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 од азиската зона. На првиот натпревар беше 1:1 и Австралија со вкупни 3:2 се избори за нов бараж дуелот против четвртопласираната селекција од КОНКАКАФ зоната.
На денешниот дуел Сирија поведе со голот на Ал Сома во 6.минута, а Кејхил првиот гол го постигна во 13.минута. По 90 минути резултатот беше 1:1 идентичен како на првиот дуел. Во продолжението Кејхил во 109.минута го постигна вториот гол за триумф на својата селекција.
Која репрезентација ќе биде противник на Австралија ќе биде познато вечерва по одигрувањето на дуелите од 10.коло од КОНКАКАФ зоната.
Бараж натпреварите ќе се играат на од 6 до 14.ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за Васев
-
Пробацијата како замена за затворските казни
-
Божиновска: Нема да останеме без гас, откако ЕУ забрани увоз на руски енергенси
-
Сезоната на грип почна – досега вакцинирани над 8 000 граѓани од ризичните групи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судиите ретко одлучуваат за условен отпуст
-
Наместо да заврши, жетвата на ориз не е ниту на почеток
-
Неистражени средновековни тврдини