Аунг Сан Су Ќи номинирана за член на новата влада на Мјанмар

Јангун, 22 март 2016 (МИА) - Новоизбраниот претседател на Мјанмар Хтин Тјав денеска до Парламентот ја достави листата на 18 кандидати за членови на новата влада.
За многумина изненадувачки е што на листата се најде и лидерот на владејачката Национална лига за демократија, Аунг Сан Су Ќи, која поради уставни ограничувања не можеше да се кандидирана за претседател на државата.
Парламентот на Мjанмар треба да ја одобри предложената министерска листа утре, а ресорите ќе бидат распределени потоа.
Во политичките кругови и медиумите во регионот денеска се појавија шпекулации дека Су Ќи ќе биде формално на чело на Министерството за надворешни работи.
Неспорно е дека таа ќе го има главниот збор и во внатрешната и во надворешната политика на државата која беше под власт на воената хунта од 1962 до минатата година, кога на изборите Националната лига за демократија освои апсолутно мнозинство.
Ново на Сител
-

Медицинските сестри бараат закон со кој се регулира нивната дејност
-

Преглед на вестите од светот
-

10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
-

Скопските градоначалници ќе бараат помош од колегите во другите градови за да го соберат ѓубрето
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
-

Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-

Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-

Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
