Македонија
23. October 2025 - 12:34
Медицинските сестри бараат закон со кој се регулира нивната дејност
Во Македонија се уште нема закон за медицински сестри. Иако ги дале предлозите, работеле на тоа и биле во работните групи во кабинетите на сите министри за здравство, со секоја смена на раководните структури работите се враќале на почеток.
Медицинските сестри и акушерки сметаат дека со законот ќе се регулира нивната дејност и ќе се знаат одговорностите.
Акушерките, се третирани по некои правилници во самите болници и се уште се сметаат за продолжена рака на докторите.
За потребата од ваков закон се зборува со години наназад, а според дел од медицинските сестри сега тој се подготвува кога се излеваат илјадници работници токму од овие стручни кадри.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->