Асфалтирање и санација на улици во Крива Паланка
Во рамки на програмата за тековно одржување локални патишта за 2015 година, Општина Крива Паланка изврши санација на оштетени афлатни површини на повеќе локации во градот, а асфалтирани се делови од улици и повеќе градски улички, информираат од општината.
- На барање на граѓаните од Амбар маало во иминатиот период беше отстранета дотраената оштетена калдрма која е отстранета во целост, а двата крака од пристапната улица се асфалтирани. Оваа улица е дел од улицата „Јане Јакимовски“, а вградени се околу 550 метри квадратни асфалт. Исто така со преостанатите средства од програмата за тековно одржување на локални патишта и улици извршивме санација на оштетените асфалтни површини на улица „Лозановска“ и улица „Македонска“ каде вкупно беа вградени околу 800 метри квадратни нов асфалт, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Согласно програмата во тек е крпење ударни дупки на главната улица „Свети Јоаким Осоговски“ и на дел од улицата „8-ми Октомври“.
- Санирани се оштетените површини на главната улица, на потегот од „Осички мост“ до мотел „Македонија“ каде ќе бидат вградени околу 200 метри квадратни нов асфалт. Акцијата за санирање на оштетени асфалтни површини на територијата на градот продолжува и во текот на наредните денови согласно временските услови и предвидената динамика, додаде Алекосвски.
Изведувач на градежните работи е фирмата „ЛАБИНО-ТРЕЈД“ од Гостивар.
Санацијата на асфалтните површини на територијата на општината се врши во пресрет на претстојнот зимски период.
Ново на Сител
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес