Артан Груби, неговата фамилија и судијата Енвер Беџети на „црната листа“ на САД
Екс министерот Артан Груби и неговото семејство се најдоа на црната листа на САД. Како што објавува Стејт департментот, на листата е и целото негово семејство, но и судијата од Апелација Енвер Беџети.
Според Стејт департментот јавното посочување на Груби и Беџети е поради нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на екс директорот на УБК Сашо Мијалков.
„Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција со примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на Северна Македонија. Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби“ се вели во објавата на Стејт департментот.
Американската амбасадорка во земјава Агелер во објава на социјалните мрежи вели дека денешното именување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. Соединетите држави ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучени во значителна корупција што ги поткопува демократските институции и ја нарушува довербата на јавноста. Никој е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок“. напиша Агелер.
Ново на Сител
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија