Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на пресудата за сообраќајката кај „Млечен“
Правосудниот систем во Република Македонија е уништен.
Зоран Заев и неговите партиски послушници кои управуваат со правосудните органи наместо да носат правда, носат неправда врз обичниот граѓанин.
Наместо слепа правда, гледаме слепи правосудни инстанци во Република Македонија кои не сакаат да ги гледаат фактите при носење на пресуди и одлуки, се прават слепи. Очигледно не е слепа правдата, туку слепи се институциите и власта.
Граѓаните се сведоци дека со државата управува мафија, а на мафијата им се потребни послушни институции и правосудни органи.
Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана, а ќе биде спроведувана неправдата?
Бараме, целосна ревизија на судската пресуда за оваа сообраќајна несреќа со смртни последици. Ревизијата е нешто што најмалку може да се спроведе во моментов и да се истера правдата на виделина, а ожалостеното семејство едноставно да добие на некој начин правда на своја страна. Иако имаат огромна загуба.
Ваква нефункционалност и политичка инструираност на судски инстанци и институции не е видена до сега.
Ова не е прв случај на неправда, има повеќе да потсетиме неодамна беше пресудата за убиството на млад кошаркар и тинејџер во Ново Лисиче од пред извесно време, каде исто така и таму не беше задоволена правдата и јавноста бурно реагираше на истата пресуда.
Ниту Маричиќ, ниту Зоран Заев, ниту па било кој од СДСМ нема ниакво право, ниту пак кредибилитет да говори за прочистување на судството, од
едноставна причина затоа што во правосудните инстанци во моментов владеат корупција, непотизам и тотална контрола од страна на СДСМ, власта и Зоран Заев.
Маричиќ, кој во правосудните институции наназад со години има свој семеен претставник на највисоките функции, дали тоа било неговата сопруга како шеф на кабинет, дали неговиот родител, тој самиот исто така сега на позицијата министер, немаат никакво право да говорат за прочистување.
Зошто? Од едноставна причина, за тоа што прочистувањето и ветингот треба да почне токму од нив.
Оваа Влада на СДСМ е најкорумпираната Влада која носи судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и нив.
Ново на Сител
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис