Армијата на Република Македонија одбележува 28 години од своето постоење
На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Македонија. Свеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.
Како што најавија од Генералштабот на Армиата обраќање ќе имаат претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
На свеченоста од страна на претседателот Пендаровски со Орден за воени заслуги ќе се одликуваат баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада и канцеларијата за соработка во одбраната на САД.
Свеченоста ќе биде пренесувана во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Фејсбук страниците на шефот на државата, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Предизборен караван на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија, Конче, Неготино и Кавадарци
-
Предизборен караван на СДСМ во Конче, Пласница, Кичево и Македонски Брод
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациенти со рак
-
Онкологот Васев бара неговиот предмет да го превземе државниот јавен обвинител
-
Може ли рана дијагноза на рак на дојка ако за дијагностички процедури се чека со недели?
-
Без пожари на Вардариште и Дрисла во Скопје, мерки за поддршка на бизнисот во Куманово
-
Филипче: Власта шири лаги за СДСМ бидејќи нема проекти и европски реформи
-
Сообраќајната инфраструктура фокус на кандидатите во Чаир