Македонија
1. October 2025 - 21:16

Предизборен караван на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија, Конче, Неготино и Кавадарци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата дека е албанофоб, потенцирајќи дека нема проблем со етничката припадност на ниту еден граѓанин, но ги презира, како што рече, политичките криминалци.

Кандадидатката за градоначалничка на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева, вети изградба на нов градски плоштад, кружен тек, реконструкција на повеќе улици.