Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО
Аргентина ќе ја напушти Светската здравствена организација (СЗО) поради неадекватното управување со пандемијата на Ковид-19, изјави денеска портпаролот на десничарскиот претседател Хавиер Милеј, пренесува ДПА.
Оваа одлука следи две недели откако претседателот Доналд Трамп ја најави американската одлука да ја напушти оваа здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат.
– Претседателот Хавиер Милеј му нареди на министерот за надворешни работи Герардо Вертхајн да ја повлече Аргентина од СЗО, изјави државниот портпарол Мануел Адорни на прес-конференција.
Како и Трамп, портпаролот на Милеј изјави дека аргентинската влада има длабоки несогласувања со СЗО во врска со реакцијата на пандемијата на коронавирусот.
– Ние, Аргентинците, не сакаме да дозволиме ниту една меѓународна организација да се меша во нашата сувереност, а посебно не во нашето здравје, изјави Адорни.
На почетокот на пандемијата во 2020 година, Јужна Америка, како и Аргентина, воведе многу строги мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
Полициски час беше во сила подолго отколку во речиси која било друга земја на светот и, во некои случаи, луѓето можеа да излегуваат од своите домови само за неопходни набавки и лекарски прегледи.
Милеј стана претседател во декември 2023 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче